Американски генерал: Направете сè за Србија да влезе во НАТО

Американскиот генерал потполковник во пензија Мајкл Д. Барберо кажа дека САД и НАТО би требало да направат сè за Србија да влезе во воениот пакт.

EPA-EFE

„Верувам дека Америка и НАТО би требало да направат сè што е можно за да го олеснат влезот на Србија во НАТО. Меѓу НАТО и Србија има многу заеднички интереси, па САД и НАТО треба да го продолжат дијалогот со Србија. Да се надеваме дека низ овој процес и односот на Србија и Косово ќе се нормализира“, кажа Барберо за Косово онлајн.

Тој го искоментира и американското повлекување од Авганистан.

„Одлуката на претседателот (на САД Џо Бајден) да ја заврши американската мисија во Авганистан до 1 септември, и катастрофалниот начин на кој го напуштивме Авганистан. Прво, препорака до претседателот беше да задржи 2.500 американски војници во Авганистан за поддршка на авганистанските сили. Да се следеше овој план, овие 2.500 војници ќе продолжеа да ги поддржуваат авганистанските трупи и ќе спречеа талибанците да ја заземат земјата. Овие грешки беа дополнително влошени со лошо извршеното однесување. Резултатите беа катастрофални: изгубивме 13 војници, морнари и маринци, напуштивме неколку стотици Американци и ги напуштивме своите авганистански сојузници на страшна судбина. Сето ова можеше да се избегне“, истакна пензионираниот генерал.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе