Американски функционер за санкции кај Дачиќ поради српската набавка на руско оружје

Разговорот беше коректен и добар, нема да има санкции, изјави денес во Белград шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по состанокот со високиот функционер на американскиот Стејт департмент Томас Зарзецки, задолжен за примената на санкции кон рускиот безбедносен сектор, компаниите и државите кои имаат воена соработка со Русија.

Србија сака отворен однос и нема никаква намера да влегува во конфликт со Соединетите Американски Држави, кажа Дачиќ, наведувајќи дека тоа е клучната порака која му ја пренел на Зарзецки.

Американскиот функциоер, според Дачиќ, „бил задоволен“ од тоа што го слушнал во разговорот бидејќи, како што изјави српскиот министер за надворешни работи, Србија „нема што да крие“.

Како што се наведува во официјалното соопштение на српското министерство за надворешни работи, „целта на посетата на Томас Зарзецки е запознавање на надлежните ресори на владата на Република Србија со најважните елементи на законот за спротивставување на американските противници преку санкции, а „особено членот 231 кој се однесува на можноста од воведување санкции од САД на поединци и компании кои имаат деловна соработка со безбедносниот и разузнавачкиот сектор на Руската Федерација“.

Медиумите во регионот ја најавија денешната посета на Зарзецки како потенцијален проблем кој Србија би можела да го има поради набавката на руското оружје, а веста се појави откако беше објавено дека Србија од Русја набавува ракетен систем „панцир“, комбиниран систем со краток до среден дострел со проектили земја-воздух и противвоздушна артилерија.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе