Отворено писмо

Американски експерти до Трамп: Кина не смее да се третира како непријател, тоа ѝ штети на американската економија

Бројни американски експерти за Азија, вклучувајќи поранешни дипломати и воени функционери, сакаат американскиот претседател Доналд Трамп да ја преиспита својата улога која тргнува од тоа дека „Кина треба да се третира како непријател“, предупредувајќи дека таквиот пристап може да им наштети на американските интереси и на глобалната економија, се наведува во нацртот на отвореното писмо во кое агенцијата Ројтерс имала увид.

Писмото се појавува во момент на растечки тензии меѓу двете најсилни светски економии околу низа прашања. Тоа ја вклучува и трговската војна во која двете страни воведоа царини на увозот вредни милијарди долари, американските обвинувања за интензивно кинеско шпионирање, како и кинеската програма за воена модернизација која се доживува како закана за американското воено присуство на западниот Пацифик.

Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг се сретнаа вчера на маргините на самитот Г20 во Јапонија и се сложија за повторно почнување на преговорите за ставање крај на трговската војна.

„Иако сме многу загрижени од новото однесување на Пекинг, исто така веруваме дека многу американски акции придонесуваат на надолната траекторија на меѓусебните односи“, се наведува во нацртот на отвореното писмо кое во име на 80 експерти е адресирано до Трамп и до Конгресот.

„Американските напори Кина да се третира како непријател и да се исклучи од глобалната економија ќе ѝ наштети на меѓународната улога и репутацијата на САД и ќе ги поткопа економските интреси на сите земји. Американскиот страв дека Пекинг ќе ги замени САД како глобален лидер е претеран“, се наведува во писмото.

Трамповата стратегија за национана безбедност, донесена во 2018 година, ја нарекува Кина стратегиски конкурент кој сака да ги замени САД како доминантна глобална сила.

Засега сѐ уште не се знае кога конечната верзија на наведеното писмо ќе биде објавена, а во забелешките на нацрт писмото се наведува дека се собираат потписите на писмото и дека конечната верзија ќе биде објавена во еден угледен весник.

Нацрт писмото наведува и седум предлози кои според потписниците го претставуваат нивниот колективен став „за Кина, проблемите на американскиот пристап кон Кина и основните елементи на поефикасна американска политика“.

Со зголемувањето на домашната репресија и контролата врз приватните кинески компании кинеската влада „пропушта да живее во согласност со своите трговски обврски“, а зголемените напори за контрола на странското кавно мислење и поагресивната надворешна политика „се сериозни закани за остатокот од светот“, се наведува во писмото.

И покрај тоа, актуелниот американски пристап е контрапродуктивен бидејќи со третирањето на Кина како национална безбедносна закана за САД слабее влијанието на умерените сили во Пекинг, кои знаат дека „пристапот кој подразбира соработка со Западот им служи на кинеските интереси“, се истакнува.

Соединетите Држави исто така можат да предизвикаат сопствена изолација бидејќи нивните сојузници нема да сакаат „да ја третираат Кина како економски и политички непријател“.

Експертите се залагаат за нова политика која подразбира соработка на САД со сојузниците за да се одврати кинеската воена агресија со помош на одбранбени ставови.

Вашингтон треба и да работи со своите сојузници и партнери „на креирање отворен и попросперитетен свет во кој на Кина ќе ѝ биде можност да учествува“.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе