Најлошото во САД допрва доаѓа

Американски експерт: Десет вистини за коронавирусот

Д-р Том Фриден, поранешен шеф на американскиот Центар за превенција и контрола на болести, објави „десет вистини" за коронавирусот додека зборуваше на сослушувањето за начинот на кој САД се борат со коронавирусот, јави Си-ен-ен.

„Во моите 30 години работа во здравство, никогаш не сум видел нешто слично на ова. Ова е застрашувачко и без преседан“, рече тој, а потоа ги изнесе своите „десет вистини“ за коронавирусот.

1. Ситуацијата во Њујорк е многу лоша

„Дури и сега, кога бројот на починати се намалува, во Њујорк дневно умираат двојно повеќе луѓе отколку во било кој вообичаен ден. Њујорк има најголем број потврдени случаи од која било друга сојузна држава“, рече Фриден.

2. Ова е само почеток

„Колку и епидемијата да изгледа грозна сега, ова е само нејзина почетна фаза, најлошото доаѓа. Најновите студии покажуваат дека епидемијата би требало да трае и до две години, а предупредуваат и дека ситуацијата би можела да стане уште полоша“, вели тој.

3. Податоците се моќно оружје против вирусот

Тој објасни дека податоците кои се користат за да се проучуваат трендовите можат да помогнат во запирањето на ширењето на вирусот пред да се појави некое жариште. „Тие можат да спречат жариштата да прераснат во епидемии“, рече тој.

4. Треба да го зауздаме вирусот

„Додека забраните за излез доведоа до забавување на вирусот и израмнување на кривата во државите како Њујорк и Калифорнија, вирусот продолжува да се шири“, рече тој.

„Државите сега планираат да ги ублажат мерките, а што ќе се изложат на ризик од нови инфекции. Затоа мора да продолжиме да го спречуваме вирусот дури и кога кривата ќе се израмни“, додаде тој.

5. Мора да најдеме рамнотежа

Д-р Фриден рече дека е неопходно да се најде рамнотежа помеѓу повторното придвижување на економијата и овозможувањето на вирусот да се шири.

Институтот за здравствена метрика и проценка на Универзитетот во Вашингтон објави ревидирана проценка според која до август 134.000 Американци би можеле да умрат. Нацрт на интерниот извештај на американскиот Центар за контрола и спречување на болести, добиен од Њујорк Тајмс откри дека дневната бројка на смртни случаи до 1 јуни може да достигне до 3.000.

6. Да се заштитат „хероите од првите борбени редови“

„Мора да ги заштитиме здравствените работници и другиот персонал, хероите на оваа војна“, рече Фриден.

Според проценките на ЦДЦ, повеќе од 9.200 здравствени работници се заразени со коронавирус.

Здравствените работници и основниот персонал се изложени на најголем ризик, а болниците се соочија со недостаток на основна заштитна опрема.

7. Заштитете ги и најранливите групи

Во осум од 10 смртни случаи пријавени во САД, починале возрасни лица на возраст од над 65 години. Луѓето со слаб имунолошки систем и со нив поврзани состојби како што се астма, срцеви заболувања, висок крвен притисок или дијабетес се изложени на поголем ризик, вели докторот.

8. Владите и приватните компании треба да работат заедно

И владата и индустријата мора да соработуваат за што поскоро да направат „масивни инвестиции во тестирање и дистрибуција на вакцините “, рече Фриден.

Д-р Ентони Фаучи, раководител на Националниот институт за алергии и заразни болести, во март рече дека вакцина би можела да биде достапна за една година до 18 месеци. Сепак, експертите се скептични.

9. Не смееме да ги занемариме здравствените проблеми неповрзани со коронавирусот

Пандемијата на коронавирусот преплави многу болници ширум светот, што не значи дека луѓето одеднаш станале имуни на други болести, вели Фриден.

Многу процедури се откажани или одложени, а пациенти со други болести чекаат во страв ситуацијата да се врати во нормала. Многумина премногу се плашат да посетат болница од страв да не се заразат со вирусот.

10. Подготвеноста е најважна

„Никогаш повеќе“, рече Фриден. „Неизбежно е да се појават и други епидемии. Но, не е неизбежно и понатаму да бидеме толку неподготвени за нив“, рече тој.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе