Американски државен обвинител: Во затворот во кој се уби милијардерот педофил Епстајн имало многу неправилности

Американскиот главен јавен обвинител Вилијам Бар изјави денес дека постојат „големи неправилности“ во федералниот затвор во кој во саботата беше најден мртов милијардерот Џефри Епстајн, кој таму беше поради обвинувања за трговија со сексуални робови и силување малолетнички.

Бар, кој во саботата најави отворање две истраги за оваа драма, кажа на конференција за медиумите во Њу Орлеанс дека е „гневен“ поради пропустите во обезбедувањето во федералниот затвор во Менхетн, каде Епстајн беше затворен од почетокот на јули.

„Ви гарантирам дека истрагата ќе продолжи за сите соработници на Епстајн“, истакна тој.

Неколку медиуми наведоа вчера дека Епстајн бил сам во ќелијата иако би требало со него да бидат двајца затвореници и дека не била почитувана проверката на секои 30 минути.

Милијардерот беше најден повреден на 23 јули по очигледниот прв обид за самоубиство, но не бил под засилен надзор по 29 јули.

66-годишниот Епстајн се дружел со бројни познати лица од политиката и џет-сетот, а беше најден мртов во саботата во еден од најчуваните затвори во САД, каде го чекаше судењето кое требаше да почне најрано во мај 2020 година.

Милијардерот имал тесни врски со богатите и моќните луѓе во САД и во светот.

Неговата смрт, нешто повеќе од еден месец по апсењето за трговија и секс со малолетнички, предизвика огорчување, особено кај жртвите кои се разочарани дека нема да му се суди. Му се закануваа до 45 години во затвор.

Тој умре еден ден откако беа објавени стотици страници судски документи во кои се изнесуваат нови обвиненија против него и неговите богати и славни пријатели и познаници.

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе