Американски дрон уништи тенк Т-72 на сириската војска (ВИДЕО)

Американски воен дрон уништи во Сирија тенк Т-72 за време на викендот. Станува збор за познатиот советски тенк Т-72, а бил уништен во ранки на нападот врз силите лојални на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Нападот се случил во близина на местото Ал Табијех во неделата.

Генералот Џефри Хариган од американските воздухопловни сили не сакал за Ројтерс да шпекулира кој бил во тенкот. Анонимен американски функционер изјави дека во тенкот загинале најмалку двајца војници на сириската војска.

Американската војска соопшти дека тенкот бил уништен откако премногу се приближил до бунтовничките сили кои САД ги поддржуваат во граѓанската војна во Сирија.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе