Русија со протестна нота до САД

Американски дипломати уапсени во близина на руска зона за воени тестирања

Русија денес соопшти дека ќе издаде официјална протестна нота до Соединетите Американски Држави откако уапси тројца американски дипломати во, како што велат, забрането подрачје во близина на затворена зона за воени тестирања, пренесе Ројтерс.

Дипломатите во понеделникот биле отстранети од воз во северна Русија и кратко биле приведени пред да бидат пуштени на слобода. Иако се заштитени со дипломатски имунитет, тие се обвинети за кршење на законот бидејќи немале специјални дозволи потребни за посета на странци.

Областа каде биле пресретнати е од зголемен интерес на западните разузнавачки агенции, откако во август се случи мистериозна воена несреќа во којашто радијацијата за кратко време се зголеми и при што загинаа најмалку петмина вработени во руската државна нуклеарна корпорација Росатом.

Томас Динано, висок функционер на американскиот Стејт департмент, минатата недела изјави дека Вашингтон утврдил дека експлозијата е резултат на нуклеарна реакција што се случила по неуспешен тест на руска крстаречка ракета на нуклеарен погон.

Дипломатскиот инцидент ги влошува веќе затегнатите односи меѓу САД и Русија, влошени по меѓусебното протерување на дипломати поради тензиите околу контролата на нуклеарното вооружување.

Портпаролот на Стејт департментот на САД изјави дека дипломатите биле на службено патување и коректно ги известиле руските власти за нивното патување.

Но, Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека дипломатите биле пронајдени во забрането подрачје на повеќе од 40 километри од градот Архангелск, а за каде рекле дека планираат посета.

„Очигледно се изгубиле. Подготвени сме да ѝ дадеме на американската амбасада мапа на Русија“, соопшти Министерството за надворешни работи доцна во средата, според рускиот ТВ канал РЕН.

Според руските медиуми, делото на дипломатите обично се казнува со депортација. Но, Министерството за надворешни работи е цитирано дека Москва веројатно нема да го ескалира инцидентот на тој начин.

„Тие имаат имунитет, затоа мислам дека ќе има понатамошни постапки за да се утврди како е можно тоа“, вели Евгениј Иванов, заменик министер за надворешни работи, пренесе новинската агенција ТАСС.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе