Забрана за претседателите на двата дома на парламентот

Американски бискуп им ја ускрати причеста на политичарите кои го поддржуваат абортусот

Американски бискуп во четвртокот објави дека им ја ускратува причеста на двајцата демократски лидери во Илиноис бидејќи го поддржуваат абортусот.

Томас Папроцки, бискупот на Спрингфилд, главниот град на Илиноис, рече дека забраната се однесува на претседателите на двата дома на тамошниот парламент Мајкл Медиган и Џон Калертон.

Бискупот им објасни дека им го забранил „најсветиот аспект на католичката вера“ бидејќи го поддржуваат законот што го либерализира абортусот, постапка што бискупот ја нарече „гнасно злосторство и грев“.

„Да се поддржува закон што ги третира бебињата во утробата како сопстевност и да се дозволува нивно уништување било кога и од било која причина, тоа е зло“, рече бискупот, пренесе агенцијата Католик њуз.

Парламентот на Илиноис овој месец ги укина бројните ограничувања за постапката за абортус кои во оваа американска држава се во сила со децении.

Илиноис на тој начин тргна во спротивен правец од низа јужни држави кои во последниве месеци ги заострија своите закони за абортус.

Причеста е најважната од светите тајни бидејќи на верниците им претставува поврзаност со Исус.

Одлуката на бискупот на Спрингфилд е во време на нови контроверзности околу правото на абортус во Америка.

Државите кои неодамна усвоија построги закони се надеваат дека Врховниот суд, во кој од неодамна мнозинството го чинат конзервативни судии, ќе ја собори сопствената пресуда во случајот Ро против Вејд со која во 1973 година е дозволен абортусот на федерално ниво.

За време на претседателската кампања во 2004 година, американските бискупи издадоа проглас дека политичарите кои го поддржуваат абортусот, вклучувајќи го и тогашниот демократски кандидат за претседател Џон Кери, не се достојни за причест.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе