Американски аналитичари: Извештаите дека Русите сакаат да ја разнесат нуклеарката се веројатно лажни

Американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ) соопшти дека „западните и украинските медиуми објавиле веројатно лажиран извештај за руски генерал кој се заканува со уништување на најголемиот европски нуклеарен објект“.

EPA-EFE

Се додава дека руското министерство за одбрана тврди дека извештајот е лажен и дека генералот за кој станува збор, Валериј Василев, бил во Узбекистан во времето кога наводно го одржал говорот за Запорожје.

„Без оглед на потеклото на првичната објава, станува збор за сомнителен извештај. Не е директен и не цитира официјален извор на која било официјална страница на руската влада“, наведува ИСВ.

Украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом наведе вчера дека Русија „отворено го уценува целиот свет“ со закана дека ќе ја крене во воздух нуклеарната централа Запорожје. Властите на таа земја тврдат дека руските трупи поставиле експлозив на енергетските единици на нуклеарката.

Агенцијата го цитираше Валериј Василев, командантот на руските нуклеарни, хемиски и биолошки одбранбени сили, кој наводно кажал дека „таму ќе биде или руска земја или изгорена пустина“.

„Како што знаете, ги миниравме сите важни објекти на нуклеарната централа Запорожје. И тоа не го криеме од непријателот. Ги предупредивме. Непријателот мора да знае дека централа ќе биде руска или ничија. Спремни сме на последиците од овој чекор. И вие, борците, мора да сфатите дека нема друг пат. Ако дојде најтешката наредба, мораме чесно да ја извршиме“, наводно кажал Василев.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе