Американската војска започна со истражување на природните ресурси на Гренланд

Американската војска спроведе воздушно истражување на Гренланд, за да го испитаат рударскиот потенцијал на арктичкиот остров во рамки на договорот меѓу двете влади, откри висок американски официјален претставник.

Во јуни беше потпишан меморандум за разбирање за соработка во развојот на рударскиот сектор, пред дипломатскиот спор меѓу Соединетите Американски Држави и Данска, на која Гренланд ѝ е автономна територија.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Данска закажана за почетокот на септември, откако данската премиерка Мете Фредериксен ја отфрли неговата идеја за купување на Гренланд.

Френк Фанон од американското министерство за енергетски ресурси на новинарите им рече дека процесот е „прилично скап и бара технолошка опременост“, поради што Гренланд побара американска помош.

„Морнарицата ни помогна да спроведеме хиперспектрално истражување, ја користевме технологијата на прелет“, рече Фанон.

„Така ќе се создаде база на податоци, при што американскиот геолошки завод ќе помогне во толкувањето на податоците и ќе ги сподели со жителите на Гренланд.“

Воздушното снимање на теренот ќе се финансира заеднички и ќе вклучува истражување на околу 3.000 квадратни километри во југозападната провинција Гардар.

Фанон исто така смета дека односите меѓу САД со Гренланд и Данска не се влошиле.

„Видов само најсилен однос со Гренланд, како и со Данска. Тоа е еден многу позитивен однос“, рече Фанон.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе