Американската војска во Авганистан со хеликоптери одела во акција, на аеродромот и понатаму владее хаос

Американската војска во Авганистан со три хеликоптери евакуирала 169 Американци кои не можеле да стигнат до аеродромот во Кабул, соопшти Пентагон.

Илустрација: ЕПА

„Три хеликоптери Чинук го напуштија безбедносниот периметар на аеродромот за да ги евакуираат Американците од хотелот на оддалеченост од двесте метри“, рече портпаролот Џон Кирби.

Ова е првпат од почетокот на кризата американската војска да ја напушти безбедната средина и да им помогне на луѓето кои сакаат да го напуштат Авганистан.

Групата имала намера да оди пеш до аеродромот, но пристапот бил отежнат поради гужвата пред него.

„Не беа сите сигурни дека можат да се пробијат и командантите на теренот одлучија да испратат хеликоптери по нив“, рече Кирби.

Американските војници, кои имаат целосна контрола врз аеродромот, досега не го напуштаа за да избегнат судири со талибанците, повторните владетели на Авганистан.

„Околу 12.000 странци и Авганистанци кои работат за амбасади и меѓународни хуманитарни групи се евакуирани од Авганистан откако талибанските бунтовници влегоа во главниот град Кабул“, изјави во петокот претставник на НАТО.

„Процесот на евакуација е бавен бидејќи е ризичен, не сакаме каква било форма на конфликт со талибанските припадници и цивилите во близина на аеродромот“, изјави за Ројтерс официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен.

Во екот на хаосот и извештаите за талибанско насилство, западните земји се обидуваат да го забрзаат темпото на евакуација откако исламистичките бунтовници брзо ја презедоа контролата врз земјата пред само една недела.

Талибанците не преземаат одговорност за немирите на аеродромот, опкружен со илјадници луѓе кои очајно сакаат да ја напуштат земјата, и велат дека Западот можел да има подобар план за евакуација.

„Најмалку 12 лица се убиени од неделата во и околу аеродромот“, рекоа претставници на НАТО и талибанците, а вооружени талибанци околу аеродромот ги повикуваат сите без патна исправа да се вратат дома.

Легенда под Главна слика

Илустрација: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе