Американската војска тврди дека Русите им собориле дрон во Либија, го бараат назад

Американската војска верува дека американски дрон, кој исчезна во близина на либискиот главен град Триполи минатиот месец, бил соборен од страна на руската противвоздушна одбрана и бара да ѝ се вратат остатоците, соопшти командата на американската војска во Африка.

Главниот командант на американските сили во Африка, генералот Стивен Таунсенд изјави дека руската одбрана во моментот кога пукала, „не знаела дека станува збор за американски авион со далечинско управување“.

„Но, тие сега сигурно знаат чиј е, и одбиваат да го вратат. Рекоа дека не знаат каде е, што не ми е убедливо“, рече Таунсенд за Ројтерс.

Русите во либиската граѓанска војна го поддржуваат генералот Калифа Хафтар, кој се обиде да го освои главниот град Триполи од меѓународно признатата влада на националното единство на Либија.

Американската војска заклучи дека во противвоздушната одбрана на 21 ноември, во времето кога е срушен дронот, управувале или руски платеници или Хафтаровата т.н. Либиска национална војска, рече полковникот Кристофер Карнс, портпарол на командата на американските сили во Африка.

Карнс рече дека САД веруваат дека дронот бил срушен бидејќи бил „заменет за опозициски“ дрон.

Претставник на владата за национално единство за Ројтерс изјави дека се чини како руски платеници да управувале со противвоздушната одбрана.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе