Американската војска сака да испрати уште 5.000 војници на Блискиот Исток

Американското министерство за одбрана го разгледува барањето на американската војска за испраќање на уште 5.000 војници на Блискиот Исток поради зголемените тензии со Иран, соопштија двајца американски функционери.

Техеран и Вашингтон месецов ја заострија реториката по одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп да се обиде целосно да го блокира иранскиот извоз на нафта и да го зголеми американското воено присуство во Заливот, реагирајќи со тоа на наводната иранска закана.

Функционерите, кои сакале да останат анонимни, изјавиле за Ројтерс дека барањето стигнало од централна команда на американската војска, додавајќи дека не е јасно дали Пентагон барањето ќе го одобри.

Пентагон од американските команди низ светот редовно добива, и одбива, барања за испраќање дополнителни сили.

Еден од функционерите кажал дека дополнителните војници би служеле во одбранбени цели.

Не е познато дали какво било барање на крајот ќе ѝ биде испратено на Белата куќа.

Ова е најновото барање за испраќање дополнителни војници по, како што изјавија американските власти, уверливите закани од Иран за американските сили и интереси на Блискиот Исток.

САД досега немаат јавно покажано докази за каква закана станува збор.

Пентагон одби да коментира. „Што се однесува до долгорочната политика, нема да расправаме ниту да шпекулираме за можните идни планови и барања за испраќање војници“, изјави портпаролката на Пентагон Ребека Ребарич.

Привремениот министер за одбрана Партик Шенахен изјави во вторникот дека мерките кои ги преземал Пентагон, иако заканата од Иран и од Блискиот Исток останала голема, ја „блокирале“ можноста за напад врз американските сили.

Американската војска испрати носач на авиони на Блискиот Исток, како и стратегиски бомбардери и ракетни системи „патриот“ во регионот.

Трамп предупреди дека Иран ќе се соочи со „официјален крај“ доколку бидат нападнати американски интереси на Блискиот Исток.

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи кажа вчера дека иранската младина ќе сведочи на пропаѓањето на Израел и на американската цивилизација.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе