Не требало да бидат објавени

Американската војска потврди дека објавените снимки со НЛО се автентични (ВИДЕО)

Американската воена морнарица ја потврди автентичноста на снимките кои прикажуваат неидентификувани летечки објекти, но истовремено соопшти дека нема сознанија за тоа за какви објекти станува збор.

„Објектите забележани на трите воени снимки се класифицирани во неидентификувани летечки објекти“, потврди за Си-ен-ен Џо Градишер, портпаролот на американската воена морнарица. Снимките, иако биле декласифицирани, не било одобрено нивно објавување.

На снимките кои меѓу декември 2017 и март 2018 ги објави организацијата Старс академи оф артс енд сајенсис се забележуваат брзи и подвижни објекти кои се снимени со инфрацрвени сензори, а на видео материјалот од 2004 се гледа како сензорите следеле неидентификуван објект кој во еден момент свртел со неверојатна брзина.

„Долга низа години нашите пилоти не ги пријавуваа забележивањата на неидентификуваните воздушни објекти (unidentified aerial phenomena, UAP), главно поради стигмата поврзана за претходната терминологија и теории“, изјави Градишер.

Претставник на воената морнарица на САД изјави за Си-ен-ен дека не верува дека станува збор за вонземјани.

„Во последните неколку години забележани се неколку извештаи за неовластени и/или неидентификувани летечки објекти кои се нашле во воено контролиран воздушен простор“, се наведува во соопштението на морнарицата.

Воената морнарица на САД смета дека таквите „упади“ во воздушниот простор претставуваат безбедносен ризик.

„Поради наведените безбедносни причини морнарицата и военото воздухопловство на САД сериозно ги разгледуваат и истражуваат овие извештаи“, се истакнува во соопштението.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе