Американската војска изврши „вонреден“ лет над Украина на барање на Киев

Американската војска соопшти дека извршила „вонреден“ лет над Украина во согласност со Договорот за отворено небо.

Американската војска го извршила летот за да ја потврди својата посветеност на таа земја откако Русија заплени три украински воени брода.

„Рускиот неиспровоциран напад врз украинските бродови во Црното Море во близина на Керченскиот теснец е опасна ескалација според шаблонот на сѐ попровокативните и позаканувачки активности“, се вели во соопштението на пентагон, пренесува Ројтерс.

САД сакаат подобрување на односите со Русија, но тоа не може да се случи се додека, како што наведуваат, незаконските и дестабилизирачки акции продолжуваат во Украина и на други места, се додава во соопштението.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе