Имале проблеми и во Кина

Американската влада ја обвини Куба за мистериозни радио фреквенции

Владата на Соединетите Американски Држави ја обвини денес Куба дека со насочени радио фреквенции предизвикува мистериозни симптоми кај американските дипломати во амбасадата во Хавана и на уште неколку места.

EPA-EFE

Во соопштението на Националната академија на науки се наведува дека симптомите можат да се доведат во врска со насочени, пулсирачки радио фреквенции на кои се изложени американските дипломати, пренесува Ројтерс.

Одреден број американски дипломати имале симптоми како главоболки, мачнини, вртоглавици и други необјасниви симптоми, наречени „Синдром Хавана“, за што подолго се шпекулира.

Денешниот извештај претставува прво официјално објаснување на Вашингтон за оваа појава, иако е неубедливо.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во октомври изјави дека владата употребила „значителни ресурси“ настојувајќи да ја реши оваа мистерија на непознатите симптоми кои ги имале повеќе од 40 американски дипломати од 2016 до 2018 година.

Стејт департментот во јуни 2018 соопшти дека наредил враќање од должноста на неколку дипломати од Гангжу во Кина, поради стравување дека имале слични, мистериозни симптоми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе