Американската влада делумно блокирана поради спорот околу ѕидот со Мексико

Американската влада е делумно блокирана поради жестокиот конфликт околу барањето на американскиот претседател Доналд Трамп Конгресот да го потпише финансирањето на ѕидот вдолж границата со Мексико вреден 5 милијарди долари.

Откако вчера беше постигнат договор за буџетот, конгресните лдиери и Белата куќа ветија дека ќе одржат разговори за време на викендот во обид да постигнат договор со кој ќе се прекине блокадата пред божиќните празници.

Проблемот настана откако Трамп одби да се сложи со договорот за краткорочно финансирање кој го постигнаа демократските и републиканските сенатори бидејќи не ги вклучува 5-те милијарди долари за ѕидот на границата.

Претставничкиот дом, каде републиканците сѐ уште имаат мнозинство додека демократите не го преземат на 3 јануари, го одобри законот кој ги вклучува петте милијарди долари, но тој заглави во Сенатот и блокадата почна синоќа околу полноќ.

Откако стана јасно дека Конгресот нема доволно гласови за да пројде законот, лидерите на Сенатот се сретнаа и со потпретседателот Мајк Пенс и други функционери на Белата куќа за да се најде излез.

Не успеаја во тоа и пратениците на двата дома беа испратени дома.

Трамп се обиде да ги обвини демократите. „Ќе имаме блокада. Ништо не можеме да направиме околу тоа бидејќи ни требаат демократите за да ни ги дадат своите гласови“, кажа тој во видеоснимка на својот профил на Твитер два часа пред истекот на рокот на полноќ.

Демократите неколку пати ги потсетија гласачите дека Трамп минатата недела кажа дека ќе биде горд кога ќе ја блокира владата за да ја постигне изградбата на ѕидот.

„Претседателот Трамп „блуеше оган“ и сега нѐ води кон „Трамповата блокада“ преку Божиќ“, изјави лидерот на сенатските демократи Чак Шумер.

Околу три четвртини од програмите на сојузната влада ќе се финансираат до 30 септември следната година, но финансирањето на сите останати, вклучувајќи го министерството за татковинска безбедност, правосудство и земјоделство, истече на полноќ.

Националните паркови ќе бидат затворени и над 400.000 „основни“ вработени во тие агенции ќе работат без плата додека не се реши спорот. Други 380.000 ќе бидат „на отсуство“, односно ќе бидат испратени на принуден одмор.

Силите за одржување на редот, граничните контроли, испораките на поштата и операциите на аеродромите ќе продолжат со работа.

За да прекине Трамповата блокада, двата дома, и Преставничкиот дом и Сенатот, ќе мора да го одобрат договорот за кој преговараат тимот на Трамп и демократските и републиканските лидери.

Блокадата би можела да потрае најмалку до следното свикување на Конгресот на 3 јануари, кога демократите ќе ја преземат контролата од републиканците. Тоа, меѓутоа, не значид ека Трамп ќе прифати компромис.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе