Ковид-19

Американската вакцина влезе во последната фаза, ќе се тестираат илјадници волонтери

Денеска почна најголемата студија за вакцина против ковид-19 во светот со првиот од 30.000-те планирани волонтери што помагаат да се тестираат инјекциите создадени од владата на САД - еден од неколкуте кандидати во последната фаза на глобалната трка за вакцини.

Фото: ЕПА

Сè уште нема гаранција дека експерименталната вакцина, развиена од Националниот институт за здравство и фирмата Модерна, навистина ќе штити.

Потребниот доказ: волонтерите не знаат дали ја добиваат вистинската инјекција или лажна верзија. По две дози, научниците внимателно ќе следат која група доживува повеќе инфекции додека ги врши своите дневни рутини, особено во областите каде што вирусот сè уште неконтролирано се шири.

„За жал, во Соединетите Американски Држави сега имаме многу инфекции“ и може да го добиеме тој одговор, неодамна изјави д-р Ентони Фаучи за Асошиејтед прес.

Модерна рече дека вакцинацијата се прави во Савана, Џорџија, првата локација од над седумдесетина тестни локации низ целата земја.

Во Бингамтон, Њујорк, медицинската сестра Мелиса Хартинг рече дека волонтирала за „да го дадам мојот придонес во помошта“.

„Возбудена сум“, рече Хартинг пред да ја добие инјекцијата утрово.

Неколку други вакцини направени од Кина и од британскиот универзитет Оксфорд во почетокот од овој месец почнаа помали тестови во последната фаза во Бразил и во други тешко погодени земји.

Во САД во секој есенски месец Мрежата за превенција од ковид-19, финансирана од владата, ќе спроведува нова студија, со по 30.000 новорегрутирани волонтери.

Масовните студии не се само за да се провери дали инјекциите функционираат - тие треба да ја проверат и безбедноста на секоја потенцијална вакцина. А следењето на истите правила во студиите ќе им овозможи на научниците на крај да ги споредат сите инјекции.

Во август почнува последната американска студија на инјекцијата од Оксфорд, по што во септември се планира да се тестира кандидатот од Џонсон и Џонсон, а во октомври од Новавакс - ако сè оди по план. Фајзер летово планира своја студија со 30.000 лица.

Тоа значи дека неверојатен број луѓе ќе треба да го кренат ракавот за науката, вели АП.

Обично се потребни години за да се создаде нова вакцина од нула, но научниците овојпат поставуваат брзински рекорди, поттикнати од сознанието дека вакцинацијата е најголемата надеж на светот против пандемијата. За коронавирусот не се знаеше ни дека постои пред крајот на декември, а производителите на вакцини се впуштија во акција на 10 јануари, кога Кина ја сподели генетската секвенца на вирусот.

Само 65 дена подоцна, во март, вакцината направена од американскиот Институт беше тестирана на луѓе.

Сега владите низ целиот свет се обидуваат да соберат милиони дози од водечките кандидати, така што ако и кога регулаторите ќе одобрат една или повеќе вакцини, имунизациите да можат да почнат веднаш. Но првите достапни дози ќе се даваат штедливо, што значи дека веројатно ќе бидат резервирани за луѓето со најголем ризик од вирусот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе