Во првата фаза

Американската вакцина предизвика имунолошка реакција кај сите волонтери што примиле доза

Вакцината против ковид-19 развиена од биотехнолошката компанија Модерна, во партнерство со американскиот национален Институт за здравство, предизвикала имунолошка реакција кај сите волонтери што примиле доза во првата фаза од студијата.

Фото: ЕПА

Таа стана првиот американски кандидат за вакцина чии резултати беа објавени во стручно списание, пренесува Си-ен-ен.

Раните резултати објавени во Њу Ингланд џурнал оф медисин покажаа дека вакцината стимулира имунолошки одговор со благи несакани ефекти како што се замор, пецкање, главоболка, болки во мускулите, болка на местото на инјектирањето, но дека е апсолутно ефикасна.

Се очекува кон крајот на месецов вакцината да влезе во големата трета фаза на клиничкото испитување, последната фаза пред регулаторите да размислат дали да почнат со производство.

„Тоа е добра вест“, рече д-р Ентони Фаучи, кој ги предводи активностите на САД против пандемијата.

Модерна во соопштението изјави дека, ако сè оди добро во продолжетокот на испитувањето, ќе може да испорача околу 500 милиони дози годишно, а можеби и милијарда дози годишно, почнувајќи од 2021 година.

Во студијата објавена на 14 јули истражувачите велат дека испитувањето е спроведено на 45 здрави доброволци, на кои била тестирана безбедноста на вакцината.

Колку долго може да трае имунолошкиот одговор предизвикан од вакцината сè уште не е познато, но овие 45 учесници ќе бидат следени наредниве година дена за да се добие прецизен одговор.

Во меѓувреме, Модерна ја планира втората фаза од испитувањето на вакцината, во кое ќе бидат опфатени 300 лица, од кои половина ќе добијат плацебо. Студијата ќе продолжи да ја оценува безбедноста и ефективноста на вакцината, како и вистинската доза за последната фаза на тестирањето.

Бидејќи вакцината е итно потребна, Управата за храна и лекови на САД ја одобри и третата фаза од истражувањето, во која ќе бидат опфатени 30.000 луѓе, а во која исто така ќе се споредува ефективноста на вистинската вакцина со плацебо.

Бидејќи и некои други кандидати за вакцина во светот се покажаа ефикасни, а најблиску до производство е вакцината од Оксфорд, доктор Фаучи рече дека тоа е добро и дека е важно да имаме што е можно повеќе одговори на оваа болест.

„Луѓето мислат дека ова е трка со еден победник. Јас навивам за секој од нив. Ни требаат повеќе вакцини. Ни требаат вакцини за целиот свет, не само за една земја“, рече Фаучи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе