Американската поморска коалиција започна со операциите во Заливот, ќе ги штити танкерите

Поморската коалиција предводена од Соединетите Американски Држави официјално денес во Бахреин ги започна операциите за заштита на поморскиот сообраќај во водите на Заливот, каде што во последните месеци се случија напади на танкери.

Вашингтон повика на формирање Меѓународна поморска коалиција со своите регионални партнери, вклучително и Саудиска Арабија, по серијата напади во Заливот, кои му се припишуваат на Иран, што тој ги негира.

Операцијата Сентинел, која има за цел да го заштити Заливот и Оманското Море, е одбранбена мерка која не „загрозува“ никого, изјави во четвртокот заменик-адмиралот Џим Малој, командант на американските поморски сили на Блискиот исток на церемонија во командата на коалицијата.

„Оваа операција нема офанзивен карактер, освен обврската за взаемна одбрана во случај на напад“, истакна тој, додавајќи дека ангажманот на САД во регионот ќе трае „сè додека постои закана“.

Бахреин, седиштето на американската Петта флота задолжена за Блискиот исток, е првата земја која во август ѝ се приклучи на меѓународната коалиција, а потоа следеа Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати во септември.

Обединетото Кралство и Австралија се главните западни земји што се согласија да ги испратат своите воени бродови да ги придружуваат трговските бродови во Заливот, а последна им се придружи Албанија на 1 ноември.

Повеќето европски земји одбиле да учествуваат затоа што не сакаат да го поткопаат меѓународниот нуклеарен договор со Иран склучен во 2015 година, од кој САД се повлекоа во 2018 година.

Иран во последните месеци заплени повеќе странски бродови во Заливот.

Во меѓувреме, Велика Британија во четвртокот го намали степенот за ризик за безбедноста на нејзините бродови што минуваат низ Ормускиот теснец, повеќе од еден месец откако Иран дозволи испловување на британскиот танкер што беше запленет.

Иранската револуционерна гарда во јули го пресретна и заплени танкерот Стена Имперо во Ормускиот теснец за наводно кршење на поморските закони, две седмици откако Велика Британија кај Гибралтар задржа ирански танкер, кој беше пуштен да исплови во август.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе