Американската полиција тајно тестирала кучиња-роботи (ВИДЕО)

Неодамна беше објавено дека полицијата во САД при своите акции тајно тестирала употреба на високо технолошки развиено куче-робот, поради што реагираа здруженијата за човекови права.

Откако државната полиција на сојузната држава Масачусетс објави видео-демонстрација на тестирање роботско куче, по име Спот, Американското здружение за граѓански слободи (АЦЛУ) испрати кавно прашање до комапнијата Бостон дајнамикс за да дознае колку долго овој вид технологија се користи во полицијата.

АЦЛу дозна дека полицијата кучињата-роботи, кои се способни да отвораат врати и избегнуваат пречки, веќе ги користела во неколку свои акции, пренесува Индипендент.

„Владата често почнува со употребата на ваква технологија пред да успеат тоа да го регистрираат општествените, политичките или правните системи“, наведе АЦЛУ.

„Итно ни е потребна поголема транспарентност на владините агенции, чија должност би требало да биде да ја запознаат јавноста со нивните планови за тестирање и примена на новите технологии“, се додава.

Според информацијата која АЦЛУ ја добила од Бостон дајнамикс, државната полиција склучила договор со таа компанија во кој е договорено тестирање на куче-робот од 7 август до 5 ноември.

Но, полицијата тврди дека го користела Спот во само две прилики.

„Државната полиција на Масачусетс со години користи роботи како помош во одредени ситуации. Имајќи предвид дека тежнееме кон постојан развој во примената на новите технологии, неодамна ја завршивме тестната програма на роботот на компанијата Бостон дајнамикс, попознат како Спот. Одделот го користеше само два пати“, соопшти за Си-ен-ен директорот на државната полиција на Масачусетс Дејв Прокопио.

Керол Роуз, извршна директорка на АЦЛУ, коментираше дека граѓаните не се загрижени поради користењето на новата технологија во ситуации опасни за луѓето, туку поради тоа што нема регулатива која ќе обезбеди ваквиот вид технологија да не се примени за зауздување на граѓаните, кршејќи ги притоа нивните права.

„За време на протестите за граѓанските права, полицијата низ историјата користела кучиња за да ги заузда цивилите. Со тоа ги кршела основните права и слободи како слободата на здружување и протест. Сакаме да знаеме дали во иднина ќе можеме да се собираме без страв дека ќе нѐ следи куче-робот“, додаде таа.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе