Американската полиција повторно упадна во Амбасадата на Венецуела, ги уапси последните активисти (ФОТО+ВИДЕО)

Американската полиција ги уапси последните четири активисти кои ја заштитуваа венецуелската амбасада во САД од приврзаниците на венецуелската опозиција, соопшти активистката Медеја Бенјамин.

„Полицијата ги уапси преостанатите четири лица во Амбасадата на Венецуела, кои беа дел од групата за заштита на амбасадата. Ова е целосно нарушување на Виенската конвенција. Срамота!“, напиша Бенјамин на Твитер.

Бенјамин претходно изјави дека американската полиција влегла во Амбасадата за да ги уапси луѓето кои протестираат против заземање на зградата.

„Полицијата сега влегува во Амбасадата за да ги уапси поддржувачите на Колективот за заштита на амбасадата“, напиша Медеја Бенјамин на Твитер.

Алекс Рубинстаин на Твитер објави видео од последниот уапсен активист.

Ова е втор упад на американската полиција во Амбасадата на Венецуела. Претходно, припадници на полицијата влегоа во зградата на дипломатската мисија на 14 мај.

Амбасадата на Венецуела се наоѓа во Џорџтаун, една од најпрестижните населби во Вашингтон. Во изминатите неколку недели во зградата се наоѓаа американски невладини активисти кои го поддржуваат законскиот претседател на Венецуела Николас Мадуро.

Венецуелските дипломати претходно го напуштија САД на барање на Стејт департментот.

Мадуро им се заблагодари на американските активисти, изразувајќи „длабоко воодушевување“ поради заштитата на венецуелската амбасада.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе