За да ги отстрани приврзаниците на Мадуро

Американската полиција изврши рација во Венецуелската амбасада (ФОТО+ВИДЕО)

Активисти приврзаници на Мадуро, ја окупираа амбасадата на Венецуела во Вашингтон, одбивајќи да ги напуштат просториите во знак на протест на соопштението во кое им се заканува апсење.

„Очекуваме полицијата да дојде и да ја прекрши Виенската конвенција со нивната фиктивна влада, и невладино тврдење дека треба да заминеме“, се вели во видео пораката на Колективот за цивилна заштита на амбасадата пред да пристигне полицијата пред вратите на дипломатските простории што предизвика овации од приврзаниците на Гуаидо во кампот пред зградата.

Најмалку четворица „заштитници“ на амбасадата останаа во зградата и можеле да се видат низ прозорците - дури и откако полицијата влезе и замина, очигледно без насилно да ги избрка сите.

И покрај нивната решеност да ја бранат дипломатската мисија од „нелегалното запленување“ од американскиот претставник Карлос Векио, назначен од Гуаидо, многу од активистите ја напуштија амбасадата - очигледно уморни од опсадата и загрижени од заканата за апсење - по известувањето кое не било потпишано од било која американска владина агенција, а во кое се повикани „веднаш да заминат“ од зградата во која живееле последните 34 дена.

„САД не го признаваат авторитетот на поранешниот режим на Мадуро или на некој од нејзините поранешни претставници за да им дозволат на поединци законски да влезат, да останат на овој имот или да преземат какви било дејства во врска со овој имот“, се вели во соопштението закачено на вратата од зградата.

Поради конфликтот во однос на контролата над зградата, венецуелскиот заменик-министер за надворешни работи за Северна Америка го потсети Вашингтон дека упадот ќе претставува прекршување на меѓународното право. „Владата на Боливарската Република Венецуела не го одобри влезот на полицајци во поранешната зграда на амбасадата во Вашингтон. Упадот е уште едно кршење на меѓународното право од страна на американските власти и агресија против Венецуела“, рече Карлос Рон на Твитер.

Кризата околу венецуелската амбасада во Вашингтон започна откако американските власти ги принудија дипломатите лојални на претседателот Мадуро да ги напуштат просториите пред повеќе од еден месец. Непосредно пред да заминат за Каракас, дипломатите назначени од Мадуро им дозволија на активистите да ја окупираат зградата.

Неуспешниот обид за државен удар во Венецуела, поддржан од САД, ја разгоре ситуацијата во амбасадата, со тоа што активистите приврани на Гуаидо кампуваат пред зградата и ги блокираат сите обиди за внес на намирници внатре. Неколку луѓе се уапсени додека се обидувале да фрлат храна и производи за хигиена низ отворените прозорци, додека властите ја прекинале струјата и водата во дипломатскиот комплекс.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе