Како САД ги изневерија Маршалските Острови

Американската нуклеарна гробница во Пацификот се заканува да испушти радиоактивен ужас (ФОТО+ВИДЕО)

Изведувач на Министерството за енергетика на САД предупреди дека масивната бетонска купола полна со радиоактивен отпад, сместена на еден маршалски атол, може да биде „подложна на истекување и на постојаните влијанија од бури и од зголемувањето на нивото на морето“.

 

Масивната бетонска купола сместена на Маршалските Острови сега е во опасност да стане место на страшна нуклеарна катастрофа, вели Лос Анџелес тајмс.

Во куполата, изградена на островот Рунит на атолот Еневетак и позната како Рунитска купола, или локално едноставно како Гробница, се складирани огромни количества радиоактивна земја и остатоци произведени од тестовите за нуклеарно оружје што САД ги спроведуваа за време на Студената војна во регионот, како и земјата од една озрачена тестна локација во Невада.

Сега, предупредува весникот, зголемувањето на нивото на морето и „другите ефекти од климатските промени“ се закануваат да предизвикаат колапс на градбата, што може да доведе до истекување радиоактивен материјал, вклучително и „смртоносни количества плутониум“, во околината.

„Повеќе од кое било друго место, Маршалските Острови се жртва на двете најголеми закани со кои се соочува човештвото - нуклеарното оружје и климатските промени“, вели правниот експерт од Универзитетот Колумбија Мајкл Џeрард. „Соединетите Држави се целосно одговорни за тамошното нуклеарно тестирање, а нивните емисии повеќе придонесоа за климатските промени отколку оние од која било друга земја“.

Американскиот весник исто така забележува дека еден американски воен извештај од 1980-тите години во кој е опишана изградбата на куполата открива дека структурата била „дизајнирана да складира материјал и да спречи ерозија, а не да дејствува како зрачен штит“, па оттука и загадените остатоци што биле најдени откако градбата била завршена и завршиле вградени во горниот дел на зградата, во тоа време не биле причина за загриженост.

Изведувачот на американското министерство за енергетика и врвен стручњак за „Рунитската купола“ во 2012 година исто така предупреди дека структурата „евентуално може да ослободи повеќе плутониум во околината“, а во мај 2019 година истакна дека физичката цврстина на Гробницата е „подложна на истекување и на постојаните влијанија од бури и зголемувањето на нивото на морето“.

Сепак, тој тврди дека нема причина за паника бидејќи лагуната Еневетак наводно веќе е толку загадена што потенцијалното радиоактивно истекување од куполата би било практично незабележливо.

Иако островјаните претходно бараа помош од американската влада на оваа тема, САД тврдеа дека бидејќи куполата се наоѓа на Маршалските Острови, за неа е одговорна маршалската влада.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе