Отворена истрага за убиство

Американската научничка која исчезна на Крит била задушена, вели грчката полиција

Истрагата покажа дека американската научничка Сузан Итон (59), чие тело беше откриено неколку дена откако исчезна на Крит, била задушена објави Си-ен-ен.

Биологот Сузан Итон (59) била вработена во Одделот за биологија при Институтот Макс Планк во Дрезден и присуствувала на конференција што се одржувала во Православната академија во северозападниот дел на Крит. Итон била во брак со британскиот научник Тони Хајман и имала две деца, синови Макс и Лук.

Таа исчезна додека трчала на 2 јули. Итон вообичаено трчала 30 минути дневно и нејзиното семејство верувало дека екстремната топлина би можела да биде причина за нејзиното исчезнување и смрт.

Телото на научничката е пронајдено во понеделникот, а истрагата покажа дека починала од насилна смрт. Институтот Макс Планк, на кој Итон била вработена, објави: „Во тек е истрага за убиство што ја спроведува полицијата на Крит, таа презеде сеопфатни мерки за да се осигура дека одговорното лице или лица се изведени пред лицето на правдата“.

„Навистина сме шокирани и вознемирени од овој трагичен настан“, се вели во соопштението на Институтот. „Сузан беше извонредна научничка, спортистка, сопруга и мајка полна со љубов. Беше прекрасна личност, сите ја сакаа“.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе