Американската морнарица запленила оружје од „иранско производство“ во Арапскиот Залив (ФОТО+ВИДЕО)

Воен брод на американската морнарица запленил оружје за кое, како што тврдат, е од „ирански дизајн и производство“.

Меѓу запленетото оружје има 150 противтенковиски ракети и три ирански ракети земја-воздух, соопшти американската војска.

Оружјето било запленето во неделата во Арапското Море, а идентично е на тоа што американски воен брод го заплени во ноември.

Станува збор за антитенковски ракети „дехлавиех“ кои се ирански копии на руските ракети „комета“, се наведува во соопштението на американската воена морнарица.

Во последните години американски бродови пресретнуваат и запленуваат иранско оружје наменето главно за борците Хути во Јемен, пренесува Ројтерс.

Според резолуциите на ОН, на Техеран му е забрането да снабдува, продава или извезува оружје надвор од земјата освен со одобрување на Советот за безбедност.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе