Среде пандемијата

Американската морнарица пушти во употреба нова нуклеарна подморница со крстосувачки проектили (ВИДЕО)

Американската морнарица денес соопшти дека ја пуштила во употреба новата подморница УСС Делавер без пригодна свеченост поради пандемијата на коронавирусот.

„Иако вообичаената свеченост на пуштање во употреба е откажана од здравствени причини и поради забраната за јавно собирање, морнарицата ја презеде УСС Делавер и ја внесе во редовна служба“, се наведува во соопштението на американската морнарица.

И кумата на подморницата Џил Бајден, сопругата на демократскиот кандидат на претседателските избори Џо Бајден, им испрати честитка на сите кои учествувале во пуштањето во употреба на подморницата која почна да се гради пред шест години, кога нејзиниот сопруг беше потпретседател на САД.

УСС Делавер е 18 подморница од класата „Вирџинија“, последната генерација на јуришни подморници на американската флота. Тоа е повеќенаменска подморница на нуклеарен погон кој ѝ овозможува 30 годишна автономија. Опремена е со крстосувачки проектили море-земја и може да извршува задачи на надзор, извидување и напаѓање.

Епидемијата на вирусот ковид-19 ги зафати и американските оружени сили и покрај забраната за движење воведена за американските војници низ светот,како што покажа инфекцијата на носачот на авиони УСС Теодор Рузвелт кој е вкотвен во Гуам.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе