„Од почит кон суверенитетот“

Американската коалиција го напушта Ирак

Наведувајќи го како причина гласањето во ирачкиот парламент, шефот на американските сили во Ирак ја извести владата во Багдад дека коалицијата предводена од САД навистина ќе ја напушти земјата, наспроти јавните коментари на претседателот Доналд Трамп.

„Од почит кон суверенитетот на Ирак и како што побараа ирачкиот парламент и премиерот, Комбинираната здружена оперативна група Ирак ќе ги репозиционира силите во текот на наредните денови и недели за да се подготви за понатамошно движење“, напишал денеска морнаричкиот генерал Вилијам Х. Сили III во писмо до ирачкото Министерство за одбрана.

„Ја почитуваме вашата суверена одлука да ни наредите да заминеме“, напишал Сили, објаснувајќи дека процесот ќе предизвика зголемен сообраќај на хеликоптери во „зелената зона“ на Багдад, главно ноќе, при што Коалицијата сака да „ги минимизира и ублажи“ вознемирувањата на цивилите.

Првично, постоеше одредена забуна околу автентичноста на писмото, бидејќи Пентагон одби да потврди дека е реално. Сепак, офицерот за односи со јавноста на американската армија Рик Диксон веднаш по објавувањето на веста изјави дека писмото е „официјално и точно“.

Автентичноста на писмото за Ројтерс ја потврдил и ирачки воен извор.

Ирачкиот парламент во неделата усвои резолуција во која се бара „да се прекине присуството на какви било странски трупи на ирачко тло“, поттикнато од минатонеделниот американски напад во кој загинаа иранскиот генерал Касем Сулејмани и голем број официјални претставници на ирачката шиитска полиција на меѓународниот аеродром во Багдад.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со санкции и рече дека САД нема да заминат сè додека Ирачаните не „платат“ за воздушната база за чија изградба рече дека чинела милијарди долари.

Државниот секретар Мајк Помпео, исто така, ја отфрли необврзувачката резолуција, велејќи дека тој е „уверен дека ирачкиот народ сака Соединетите Држави да останат таму за да се борат против терористите“.

Коалициските сили предводени од САД беа испратени во Ирак во 2014 година, за да ѝ помогнат на владата во Багдад во борбата со терористите на Исламска држава, кои зазедоа значителен дел од ирачката територија, која оттогаш е ослободена.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе