Американската економија потона за рекордни 33 проценти

Американската економија во вториот квартал од оваа година се намали за неверојатни 33 проценти, пренесува Асошиејтед Прес.

Фото: ЕПА

Се работи за најтешко тонење на американската економија во историјата на мерењето, за време на кое десетици милиони Американци останаа без своите работни места и стапката на невработеност се искачи на 14,7 проценти.

Американското министерство за трговија објави дека таков пад на БДП во еден квартал никогаш не е забележан во историјата на мерењето. Значи, од 1947 година. Најлоша контракција на економијата до денес се случила пред 62 години за време на администрацијата на Двајт Ајзенхауер, кога американскиот БДП паднал за 10 проценти во еден квартал.

Во првиот квартал, од 1 јануари до 31 март, падот на американското БДП изнесувал пет проценти, со што е завршена рекордно долгата 11-годишна економска експанзија во Соединетите Држави.

Рекордниот пад е предизвикан од пандемијата на коронавирусот, што на почетокот на март доведе до големо затворање низ целиот свет, вклучително и во повеќето американски држави.

Овој пад дополнително ќе го наруши и рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој токму растот на економијата до крајот на 2019 година го истакна како главен успех на својот мандат.

Повеќето економски аналитичари предвидуваат брзо закрепнување, кое веќе е започнато во тековниот, трет квартал, кој според проценките треба да заврши со економски раст од 17 проценти. Но, сè потешката епидемиолошка слика во поголемите држави како Флорида, Тексас и економски најсилната Калифорнија би можела да предизвика нов бран на затворање и со тоа да се забави закрепнувањето.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе