Поради зголемени закани

Американската амбасада го повлекува персоналот од Ирак

Вашингтон нареди да се повлече неговиот персонал од Ирак и да останат само најнеопходните членови, соопшти денеска американската амбасада во Багдад, по предупредувањето дека ќе има тензии во земјата.

Некои државни службеници ќе ја напуштат амбасадата во Багдад, како и американскиот конзулат во Ербил, главниот град на ирачки Курдистан.

Во неделата амбасадата предупреди дека има „зголемени тензии“ во Ирак и ги повика американските граѓани да „бидат претпазливи“. Вообичаените визни услуги ќе бидат привремено прекинати.

Пред една недела американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди дека има „многу конкретни закани“ од „иранската активност“ во Ирак. Овие закани претставуваат „значителен ризик“ за дипломатските амбасади и службеници на САД распоредени во земјата, изјави тој за новинарите за време на посетата на Багдад.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе