Во Јужното Кинеско Море

Американска нуклеарна подморница се судрила со неидентификуван објект

Американска нуклеарна подморница се судрила со неидентификуван објект додека минатиот викенд била во патрола во Јужното Кинеско Море, областа за која Кина смета дека е главно нејзина, се дознава од американската морнарица и независни извори.

EPA-EFE

„УСС Конектикат удрил во објект на 2 ноември додека пловел во меѓународни води во Индопацифичкиот регион. Никој не добил повреди опасни по животот“, наведува американската морнарица во соопштението, што упатува дека некои морнари веројатно се полесно повредени.

УСС Конектикат, нуклеарна подморница од класата Сивулф, е оштетена, но е во оперативна состојба, додава морнарицата.

Нејвал институт, близок до американската морнарица, пишува дека подморницата за време на инцидентот учествувала во меѓународна воена вежба во Јужното Кинеско Море.

Кина смета дека речиси целото Јужно Кинеско Море ѝ припаѓа и гради воени бази на малите острови во таа област.

САД редовно вршат патроли во меѓународните води во тој дел од светот, истакнувајќи го своето право на слободно пловење, што Кина го смета за провокација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе