Една од најголемите во светот

Американска нуклеарна подморница пристигна во пристаниште на Јужна Кореја (ФОТО)

УСС Мичиген, подморница на нуклеарен погон со балистички ракети, една од најголемите во светот, пристигна во јужнокорејското пристаниште Бусан, соопшти американската армија, во екот на растечките тензии на Корејскиот Полуостров.

„Подморницата УСС Мичиген (ССГН 727) од класата Охајо пристигна во Бусан на 13 октомври, во рутинска посета за време на редовно закажаното распоредување во Западен Пацифик“, се вели во соопштението на американската Пацифичка флота.

Според американските воени податоци, подморниците од класа Охајо се вооружени со „тактички проектили и опремени со врвни комуникациски капацитети“. Овие подморници можат да извршат „досега невиден напад“ од „невидлива, тајна платформа“, се додава.

Овие подморници се способни да „почнат ракетни напади и да помагаат во мисиите на специјалните оперативни сили“, велат воените власти, додавајќи дека УСС Мичиген е „една од најголемите подморници во светот“.

Базата на подморницата е Бремертон, Вашингтон, а беше распоредена од Гуам, американска територија во Западен Пацифик, на околу 2.800 километри од Бусан.

Претходно во октомври, јужнокорејските медиуми објавија дека носачот УСС Роналд Реган се наоѓа во Јужно Кинеско Море на пат кон брегот на Јужна Кореја, со речиси 80 авиони.

САД му испратија воен брод на својот сојузник за воени вежби што треба да се одржат околу 20 октомври.

Вашингтон и Сеул ќе спроведат вежби за антиподморничка борба, како и заедничка вежба за откривање, следење и пресретнување балистички ракети.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе