Американска научничка најдена мртва на грчки остров

Полицијата на грчки остров го најде телото на американската научничка која пред една недела беше прогласена за исчезната, јавува Си-ен-ен.

Биолошката Сизен Итон (59) присуствувала на конференција која се одржувала на Православната академија на северозападот на Крит, а се проценува дека исчезнала на 2 јули.

Грчката полиција го нашла нејзиното тело во понеделникот вечерта, јави институтот Макс Планк во Дрезден, каде Итон била вработена на биолошкиот оддел.

Во соопштението на институтот се наведува дека локалните власти „сѐ уште не ја завршиле истрагата за околностите кои претходеле на смртта на научничката“.

„Навистина сме шокирани и вознемирени од овој трагичен настан. Сузен беше извонредна научничка, спортистка, сопруга и мајка полна со љубов. Беше прекрасна личност, сите ја сакаа“, се наведува во соопштението.

Итон практикувала да трча 30 минути дневно и нејзиното семејство верува дека екстремните жештини може да се причината за нејзиното исчезнување и смртта.

„Сметаме дека Сузен дехидрирала, се прегреала или паднала поради незгодниот терен и екстремната жештина“, изјави нејзиното семејство.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе