Американска компанија им плати на хакери откупнина од 11 милиони долари

Американската компанија за преработка на месо ЈБС морала да плати откупнина од 11 милиони долари како одговор на сајбер нападот, пишува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

„Оваа одлука беше многу тешка како за компанијата, така и лично. Сепак, сметавме дека оваа одлука мораше да биде донесена за да се спречи секој потенцијален ризик за нашите купувачи“, рече Андре Ногеира, извршен директор на ЈБС САД.

Сајбер нападот зафати сервери кои ги поддржуваат ЈБС системите во Северна Америка и Австралија. Владата на САД го припиша нападот на групата РЕвил, за која се верува дека има седиште во Русија или во некоја друга источноевропска држава.

„Резултатите од прелиминарната истрага потврдуваат дека податоците за компанијата, купувачите или работниците не се загрозени“, се вели во соопштението на ЈБС.

ЈБС САД е дел од ЈБС Фудс, една од најголемите светски прехранбени компании. Работи во 15 земји и има купувачи во околу 100 земји. Некои од брендовите на оваа компанија се Пилгримс, Грејт сатерн и Абердин блек.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе