„Владата не подготвува опции за повлекување на силите од Источна Европа“, кажа американската амбасадорка во НАТО Џулиен Смит откако Ен-би-си извести дека се размислува за промена на бројот на војници во Полска и на Балтикот.
Целта на клучните разговори на Москва и Вашингтон во понеделник е смирување на тензиите по повеќемесечната загриженост на Западот дека Русија би можела да изврши инвазија во Украина, како во 2014 година кога го анектираше црноморскиот полуостров Крим.
Русија негира дека подготвува инвазија на Украина и го обвинува Киев дека разместува војници кон регионот Донбас, кој го контролираат проруски бунтовници.
Рускиот претседател Владимир Путин бара гаранции дека НАТО нема да се шири на исток и дека Украина и Русија нема да влезат во воениот пакт.
Москва тврди дека стравува за сопствената безбедност поради ширењето на НАТО. Голем број поранешни комунистички држави кои беа дел од Советскиот Сојуз или тесно поврзани влегоа во НАТО по завршувањето на Студената војна.