Американска демонстрација на сила кај Северна Кореја, испратија дури три носачи на авиони (ВИДЕО)

Првпат во три децении три американски носачи на авиони пловат заедно во борбена формација – и тоа во западниот Пацифик.

Борбената формација која ја сочинуваат носачите на авиони УСС Роналд Реган, УСС Теодор Рузвелт и УСС Нимиц, заедно со придружните бродови во нивните борбени групи, учествува во поморска воена вежба која трае четири дена.

Во вежбата учествуваат и силите на американскиот сојузник Јапонија, и тоа со носачот на хеликоптери Исе и два разурнувачи. „Трите супер-носачи кои во моментов пловат во Јапонското Море носат повеќе од 200 воени авиони, што е повеќе од воздухопловните сили на многу земји“, извести репортерот на Би-би-си кој за време на вежбата го посети УСС Реган.

Бидејќи вежбата се изведува во близина на Корејскиот Полуостров, а е во исто време со посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на источна Азија, може да се заклучи дека служи како дополнително покажување на воената моќ на САД во обид да се заплаши и заузда Пјонгјанг, кој упорно продолжува со својата нуклеарна програма чија крајна цел е развивање капацитети за нуклеарен напад врз САД.

Вежбите од вакви размери служат како потсетник за противниците дека САД можат брзо да мобилизираат голема сила. Северна Кореја се наоѓа под многу остри санкции кои едногласно ги изгласа Советот за безбедност на ОН, а Трамп во неколку наврати буквално му се закани на Пјонгјанг со целосно воено уништување, алудирајќи на можен превентивен нуклеарен напад врз таа земја.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе