Американка со цигла претепа 91-годишен старец: „Врати се во Мексико!“ (ВИДЕО)

Родолфо Родригез вели дека за 91 година додека е жив не доаживеал ништо слично на она што му се случило на американскито Ден на независноста, на 4 јули во Калифорнија. Додека шетал, непозната жена брутално го претепала, удирајќи го со бетонска цигла по главата и викајќи му да се „врати во Мексико“.

Родригез е Мексиканец, а од својот град Мичоакан во Калифорнија доаѓа двапати годишно да го посети семејството во Вилоубрук, во округот на Лос Анџелес. Додека е таму, вели несреќниот старец за Би-би-си, секој ден шета низ соседството по ручекот. „Сите во околина веќе го познаваат“, вели неговиот внук Ерик Мендоза.

Родригез шетал и минатата среда, на американскиот национален празник, кога минал покрај една Афроамериканка и нејзиното дете. Жената најпрвин го обвинила дека ѝ го удрил детето, без предупредување го нападнала со бетонска цигла, а потоа повикала и група мажи, обвинувајќи го дека се обидува да ѝ го украде детето.

„Но тоа не е вистина. Целиот живот никого не сум навредил“, вели Родригез додека солзи му се слеваат низ помодреното лице.

Мажите и жената продолжиле да го удираат, на крајот оставајќи го крвав на тротоарот. Мендоза вели дека на дедо му се скршени вилицата, јаболчниците, две ребра и има модринки на лицето, грбот и стомакот. Минал шест часа во болница. Имајќи ги предвид неговата возраст и бруталниот ќотек, среќа е што е воопшто жив.

И покрај очигледната апсурдност на тврдењето дека 91-годишен старец би можел на мајката да ѝ го грабне детето, мажите се придружиле во бруталното претепување на Мексиканецот. „Не се удрив во нејзиното дете. Само минав покрај неа, а таа ме турна и ме удираше додека не беше готова“, објаснува Родригез.

На бруталниот расистички напад сведочела и минувачката Мизбел Брохас која се возела со автомобил во улицата кога жената го тепала Родригез. „Ја слушнав дека вика, врати се во својата земја, врати се во Мексико. Кога се обидов да ја снимам со мобилен, ја фрли бетонската цигла кон мојот автомобил“, кажа Борхас за Си-ен-ен.

Полицијата на Лос Анџелес сѐ уште трага по „осомничената жена и три до четири осомничени мажи“, иако сѐ уште не е утврден мотивот на нападот. „Загрижени сме поради видот на злосторството што е извршено. Тука имало и четиригодишно дете кое сведочело на нападот. Не можеме да дозволиме такви луѓе да ни шетаат по улиците“, изјави заменик шерифот Данџело Робинсон.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе