Американците и Саудијците сакаат да го одржат ембаргото на увоз за оружје на Иран

Саудиски и американски функционери повикаа вчера на одржување на ембаргото на увоз на оружје во Иран, предупредувајќи дека неговото укинување лошо би влијаело врз регионалната безбедност, пред сѐ во Јемен, каде Иран, како што тврдат двете земји сојузнички, ги вооружува бунтовните Хути.

EPA-EFE

Иран до октомври е под ембарго за увоз на оружје поврзано со резолуцијата 2231 со која беше потврден меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, потпишан во 2015, од која американскиот претседател Доналд Трамп еднострано ги повлече САД во 2018 и притоа воведе засилени санкции против Техеран.

Вашингтон од почетокот на годината бара од членките а Советот за безбедност на ОН да го поддржат продолжувањето на ембаргото. Укинувањето на ембаргото ќе го „охрабри“ Техеран и можеби ќе поттикне трка во вооружување на Блискиот Исток, кажа американскиот претставник за Иран Брајан Хук на прес-конференција во Ријад.

„Советот за безбедност на Обединетите нации не може да го прифати тоа“, додаде тој придружуван од саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубеир.

Саудиските претставници на прес-конференцијата покажаа остатоци од ракети и беспилотни летала кои, како што тврдат, Иран им ги доставувал на јеменските бунтовници и со кои биле напаѓани саудиски градови.

Иран ги поддржува Хутите во нивниот конфликт со провладините сили кои од 2015 година ги поддржува воена коалиција на чело со Саудиска Арабија, но негира дека им испраќа оружје.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео минатата недела се закани дека еднострано „ќе му наметне“ на Советот за безбедност на ОН повторно воведување на меѓународни санкции на Иран ако ембаргото не продолжи.

Париз, Берлин и Лондон, кои сакаат да го спасат она што остана од договорот за иранската нуклеарна програма, се заземаат за продолжување на ембаргото.

Не се знае кога Советот за безбедност би можелд а гласа за америнската нацрт резолуција за продолжување на ембаргото. Сепак, нема шанси таква резолуција да помине бидејќи Кина и Русија, кои имаат право на вето, веќе навестија дека се против.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе