Американец по грешка бил 45 години во затвор, ќе добие милион и пол долари отштета

Американец кој минал 45 години во затвор пред да биде прогласен за невин за делото за кое бил обвинет, ќе добие 1,5 милиони долари отштета поради судската грешка, соопштија властите на американската сојузна држава Мичиген.

73-годишниот Ричард Филипс бил осуден на доживотен затвор во 1972 година за убиство за кое од почетокот тврдел дека е невин. Судот го осудил врз основа на сведоштво кое се покажало како неточно.

Филипс во 2018 бил ослободен по интервенција на програма на Универзитетот на Мичиген која се бави со исправање на судските грешки. Претставници на таа програма навеле дека ниедно лице не минало толку долго во затвор во САД поради правосудна грешка.

Поранешниот затвореник живее од продажба на слики кои ги насликал во затворот. Некои негови дела се продадени за повеќе илјади долари.

Филипс наскоро нема да мора да продава слики за да има пари, бидејќи ќе добие отштета.

„Ќе патувам и ќе живеам во животот“, кажа Филипс реагирајќи на одлуката за доделување на отшета.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе