Американците во тајна мисија извлекле шпион од Кремљ за Трамп да не го издаде

Соединетите Американски Држави во тајна мисија во 2017 успешно извршиле извлекување на еден од своите највисоко позиционирани шпиони во руската влада, потврдија функционери на Белата куќа.

Лицето кое било вклучено во „екстракцијата“ кажало дека повлекувањето на спомнатиот шпион било делумно поттикнато од загриженост од тоа што администрацијата на Доналд Трамп во повеќе наврати со своите несмасни постапки довела до негово откривање, јавува Си-ен-ен.

Одлуката за спроведување на извлекувањето била донесена по состанок во Овалната канцеалрија во 2017 кога Трамп разговарал за доверливи информации со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и тогашниот руски амбасадор во САД Сергеј Кисљак. Станува збор за информациите за Исламска држава кои САД ги добиле од Израел.

Иако Трамп не го издал директно шпионот на руската делегација, откривањето на новите информации поттикнало расправа за потенцијалниот ризик од негово откривање.

Тогашниот директор на ЦИА Мајк Помпео изјавил дека премногу информации протекуваат од тајниот извор, што довело до примена на „екстракцијата“ како метод кој американската разузнавачка заедница често го користи во такви случаи.

Шпионот за кој станувало збор бил позициониран високо во структурата на американската национална безбедност и имал директен пристап до Владимир Путин и за американската влада работел повеќе од 10 години. Дополнителни информации за него вчера објави Њујорк тајмс.

Висок функционер во американската влада ги критикуваше нагаѓањата во медиумите за постоењето таен извор на информации во американската влада, тврдејќи дека се неточни и дека можат да ја загрозат безбедноста на спомнатото лице.

Отстранувањето на американскиот шпион од Кремљ се случило во време кога американските разузнавачки службеници изразувале голема загриженост од постапките на Трамп, особено по средбата со Лавров и Кисљак во Овалниот кабинет.

Неколку недели пред извлекувањето, Трамп се сретна со Владимир Путин на самитот Г20 во Хамбург и повлече неочекуван потег кога по средбата ги задржа белешките на преведувачот, што предизвика загриженост во круговите на американските разузнавачи околу оддавањето тајни информации на Русија.

Информацијата за постоењето на шпионот била строго ограничена на тесен круг функционери во американската влада и разузнавачките агенции на САД, при што еден од нив потврдил дека „подобар извор за информации за Путин и руските власти немало“. Со неговото отстранување кое било спроведено во тајност САД останале без еден од клучните извори на информации за настаните во Кремљ во момент на растечки тензии меѓу двете земји.

Уште на крајот на администрацијата на Барак Обама американски разузнавачки функционери искажуваа особена загриженост за безбедноста на спомнатиот шпион и други соработници во Русија.

Нивните стравови дополнително пораснале по изборот на Трамп за претседател во 2016 и наводното руско мешање во претседателските избори во САД.

Начинот на кој Трамп се однесувал кон класифицираните информации ја поттикнал комплицираната операција со која бил отстранет шпионот кој работел повеќе од деценија, при што Трамп за операцијата бил претходно информиран, а деталите врзани за самиот шпион биле држени во тајност.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе