Американците ветуваат: До 2030 година, ќе ги преполовиме емисиите на стакленички гасови

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе ги намали емисиите на стакленички гасови за 50 до 52 проценти до 2030 година во споредба со нивото од 2005 година, со надеж дека ќе ги охрабри земјите со високи емисии и тие да се посветат на поодлучна борба против климатските промени.

Фото: ЕПА

Целта, објавена на почетокот на дводневниот самит за клима на кој Бајден е домаќин, е поставена затоа што САД сакаат да го преземат глобалното лидерство во борбата против глобалното затоплување откако поранешниот претседател Доналд Трамп ја повлече земјата од Парискиот климатски договор. Бајден официјално ги врати САД на тој договор пред два месеци.

Целта, исто така, претставува важна пресвртница во поширокиот план на демократскиот американски претседател за целосно декарбонизирање на економијата на САД до 2050 година, за што тој тврди дека може да создаде милиони добро платени работни места, додека многу републиканци стравуваат дека тоа ќе ѝ наштети на економијата. Емисиите треба да бидат намалени од термоелектраните, транспортот и други сектори, но Белата куќа не постави специфични цели за тие индустрии.

„Ниту една земја не може да ја реши оваа криза сама, овој самит е чекор кон сигурна, просперитетна и одржлива иднина“, рече Бајден пред почетокот на самитот.

Новата цел е скоро двојно поголема од ветувањето на поранешниот претседател Барак Обама за намалување на емисиите за 26 до 28 проценти до 2025 година во споредба со 2005 година. Секторските цели ќе бидат поставени во текот на годината.

Бајден неодамна го претстави инвестицискиот план вреден 2 трилиони долари за модернизација на инфраструктурата што предвидува многу мерки што можат да помогнат во намалувањето на емисиите, вклучително и воведување електрични возила. Но, мерките мора да бидат усвоени од Конгресот пред да бидат спроведени.

Светските лидери сакаат да го ограничат глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриското ниво, што треба да ги спречи најлошите последици од климатските промени.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе