Американците успешно лансираа мистериозен авион во вселената (ВИДЕО)

Авионот Х-37Б во неделата е успешно лансиран од Кејп Канаверал со помош на ракетата Атлас V.

Фото: ЕПА

Лансирањето е успешно спроведено еден ден подоцна од планираното. Саботната програма за лансирање е одложена поради лошите временски услови. Овој авион е попознат како Орбитал тест виакл (ОТВ), а неговата задача ќе биде да го достави сателитот во орбитата и да тестира одредена технологија.

За авинот X-37B ова е вкупно шеста мисија. Авионот нема екипаж, а се контролира на далечинско управување од Земјата.

Лансирањето им е посветено на оние кои се во првите борбени редови против пандемијата на коронавирус, како и на оние кои се заразени и кои се борат со болеста ковид-19. На ракетата била напишана пораката „Силна Америка“, пишува Би-би-си.

За оваа програма се знае многу малку. Пентагон досега не откриваше детали за своите мисии, така што и овој мистериозен авион остана обвиткан во велот на тајноста.

„Во оваа мисија ќе бидат изведени повеќе експерименти отколку во било која претходна“, претходно овој месец изјави секретарката на Американските воздушни сили Барбара Барет.

Програмата X-37B со работа започна во 1999 година, а лансираниот авион е сличен на обичните вселенски бродови кои се повлечени од употреба во 2011 година. Произведен е од Боинг и користи соларни панели за да собере енергија во орбитата. Долг е девет метри и тежи околу пет тони.

Првиот авион во мисијата е лансиран во 2010 година и се вратил по осум месеци.

Последната мисија е завршена во октомври минатата година откако авионот помина 780 дена во орбитата. Колку ќе трае сегашната мисија, засега е непознато.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе