Американците се повлекуваат од Авганистан по 19 години војување

Американските трупи забрзано ги напуштаат своите позиции као дел од договорот на Соединетите Американски Држави и талибанците за мир во Авганистан, пренесува Раша тудеј.

Во разговор за Асошиејтед прес неименуван американски функционер потврдил дека почнало повлекувањето, односно дека според планот бројот на американски војници ќе биде намален од 13.000 на 8.600.

Според постигнатиот мировен договор, процесот на повлекување на трупите мора да почне 10 дена од потпишувањето, кое се случи на 29 февруари.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер го одобри повлекувањето на трупите на 2 март.

Кога бројот на војниците ќе биде 8.600, ситуацијата во земјата ќе биде анализирана пред трупите целосно да се повлечат.

САД и талибанците го потпишаа мировниот договор со цел да се стави крај на војната во Авганистан, која трае веќе 19 години.

САД, како што е предвидено со договорот, почнаа со повлекување на војската во замена за обврзување на талибанците дека Авганистан ќе престане да биде жариште на терористички напади.

Американската војска изврши инвазија во Авганистан по терористичките напади на Ал каеда на америкаско тло на 11 септември 2001 година. Талибанците тогаш ги поддржаа Ал каеда и Осама бин Ладен.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе