Додека епидемијата во Кина стивнува

Американците предупредени да се подготват за „лоша“ епидемија, вирусот се шири низ Европа и Блискиот Исток

„Бараме од американската јавност да се подготви за очекувањето дека ова ќе биде лошо“, изјави претставникот на американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ). За САД, прашањето не е дали, туку кога, рече ЦДЦ.

Новите епидемии во Азија, Европа и на Блискиот Исток го враќаат стравот од појава на глобална пандемија, дури и покрај тоа што се чини дека ширењето во Кина забавува.

Американците треба да се подготват за веројатноста дека коронавирусот ќе се рашири во Соединетите Држави, предупреди денеска Центарот за контрола и превенција на болести.

„Прашањето повеќе не е дали тоа ќе се случи во оваа земја, туку кога ќе се случи“, рече д-р Ненси Месоние, директорка на Националниот центар за имунизација и респираторни заболувања.

Таа рече дека јавноздравствените службеници немаат поим дали ширењето на болеста во САД би било благо или сериозно, но знаат дека Американците треба да бидат подготвени за значително нарушување на нивниот секојдневен живот.

„Бараме американската јавност да се подготви за очекувањето дека ова ќе биде лошо“, рече д-р Месоние.

Ширењето на вирусот во Кина стивнува, но се заканува да се засили во Европа и на Блискиот Исток.

Кризата се разгоре во области што се сметаат за најлошо опремени за справување со епидемии, како и во некои од најбогатите нации во светот, меѓу кои и Јужна Кореја и Италија. Додека се размножува, вирусот внесува чувство на тревога кај локалните власти, кои се решени да го спречат ширењето, но честопати не знаат како.

На северот на Италија, каде што се разболени повеќе од 200 луѓе, затворени се десетина града, низ кои патролираат полицајци со маски на лицата. Хрватска и Австрија објавија дека кај нив се појавиле првите случаи на вирусот.

Светската здравствена организација предупреди и дека светот не е подготвен за скок во бројот на заразени, со што медицинските ресурси во многу земји не се спремни да се соочат. СЗО, исто така, предупреди дека ненадејно може пак да се појават нови заразени во Кина, бидејќи владата се обидува да ги врати луѓето на работа.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе