Американците му понудиле милиони долари на капетанот на иранскиот танкер, во обид да го запленат бродот

Министерството за надворешни работи на САД му понудило милиони долари на капетанот на иранскиот танкер кој се најде во центарот на дипломатскиот конфликт поради сомневањето дека превезува нафта за Сирија, пренесува Би-би-си.

Брајан Хук, од американскиот Стејт департмент, му напишал мејл на капетанот на танкерот Адријан Дарја во кој во замена за парите бара тој да влезе во некое пристаниште каде САД би можеле да го запленат.

Се сомнева дека спорниот танкер превезува нафта за Сирија и властите на Британија го задржаа во јули кај Гибралтар. Беше пуштен минатиот месец откако иранските власти дадоа гаранции за тоа каде е упатен. САД, кои се обидоа да го спречат пуштањето на танкерот, потоа издадоа налог за негово запленување.

Веста за паричната понуда ја објави Фајненшал тајмс вчера, а ја потврди министерството за надворешни работи.

САД побараа запленување на танкерот минатиот петок тврдејќид ека превезува 2,1 милион барели нафта која ѝ припаѓа на Иранската револуционерна гарда, која американските власти ја сметаат за терористичка група. Пред САД да распишат потерница по танкерот, му испратиле писмо на капетанот Акилеш Кумар.

Како што пренесува Фајненшал тајмс, во писмото пишува дека американската влада е спремна да му плати на капетанот неколку милиони долари за со бродот да се вкотви некаде каде што американските власти можат да го запленат. Но, капетанот Кумар го игнорирал мејлот.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф на Твитер ги обвини САД за „невиден обид за поткупување“.

Танкерот во моментот се наоѓа во источниот Медитеран, а неколку пати ја менуваше насоката.

Неговото запленување предизвика дипломатска криза меѓу Техеран и Лондон бидејќи потоа Иран во Ормускиот теснец го заплени танкерот Стена имперо, кој плови под британско знаме, а е во шведска сопственост. Денес Иран треба да ослободи седум од 23-те членови на екипажот на Стена имперо.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе