Американците го започнаа процесот на повлекување од Сирија

Коалицијата против исламската држава предводена од САД започна процес на повлекување од Сирија, изјави денес портпаролот на коалицијата.

Полковникот Шон Рајан рече дека поради оперативна безбедност, нема да изнесува детали за „времето, локациите или движењето на војниците“, пренесе Ројтерс.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Британија, објави дека повлекувањето започнало минатата ноќ.

Обсерваторијата соопшти дека конвој од 10 оклопни возила, како и неколку камиони, преминал од Рмеилан, град во североисточниот дел на Сирија, во Ирак, пренесе Ју-ес-еј тудеј.

Во Сирија има околу 2.000 американски војници.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе