РТ

Американците го нарекуваат „Светска војна З“; „Јасно е зошто“ (ВИДЕО)

Ситуацијата на аеродромот во Кабул не се смирува. Исплашени луѓе со денови се обидуваат да се качат на авионите за евакуација бегајќи од талибанците.

Screenshot

Репортерот на РТ Мурад Газдијев сцените што тој со екипата ги виде на аеродромот Хамид Карзаи во Кабул ги спореди со сцени од апокалиптичен филм за зомби, по една недела бурни евакуации од САД и нивните сојузници.

Само што пристигнавме на аеродромот во Кабул.

Она што се случува овде Американците го викаат ‘Светска војна З’, мислејќи на филмот со зомби во кој глуми Бред Пит. Јасно е зошто. Ситуацијата е ужасна.

Таму е најцрна темница, истакна тој, опишувајќи ја ситуацијата на аеродромот.

Целиот аеродром е посеан со чаури и шок бомби. Сè, буквално сè, е покриено со бодликава жица. Целата писта е обложена со бодликава жица.

Не минуваат ниту 10 минути без истрел на аеродромот, каде што Американците ги плашат похрабрите локалци, или пукаат во близина на главниот влез, каде веќе талибанците ги обесхрабруваат потенцијалните бегалци.

Облека е расфрлана насекаде. Облека е закачена на боцкавата жица, како на новогодишна елка - нанижана со облека и отпадоци. Потсетник за толпите и морничавото стампедо од првите денови на евакуацијата.

Додека го пишувам ова, нешто гори на северниот крај на аеродромот - се крева чад во близина на паркираните американски товарни авиони. Што точно, не можеме да кажеме.

На околу 20 метри од нас, американски и италијански војници се на пауза - лежат на канцелариските столови што ги извлекле од уништениот терминал на аеродромот. Лежејќи под скалите по кои авганистанските цивили навалија, како зомби, во обид да избегаат.

За Авганистанците, кои ги видовме при слетување. Сега се наредени во квадратни формации (оние кои се одобрени за евакуација) - и мораат да седат на сонце со часови и часови. Жени, деца... сите“, напиша репортерот на РТ додавајќи дека дописниците не можат да објавуваат фотографии, бидејќи тоа ќе го прекрши договорот за евакуација меѓу Русија и САД.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе