Со 36 тони бомби

Американците бомбардираа остров на реката Тигар во Ирак преплавен со џихадисти (ВИДЕО)

Американското воено воздухопловство го бомбардираше островот Канус, упориште на Исламска држава, со речиси 40 тони ласерски наведувани бомби.

Како што соопштија, американски авиони Ф-15 и Ф-35 го бомбардираше „островот преплавен со ИСИС“ среде реката Тигар во Ирак.

„Вака изгледа кога Ф-15 и Ф-35 на военото воздухопловство ќе фрлат 36.000 килограми бомби врз остров преплавен со Даеш“, напиша полковникот Мајлс Кагинс на Твитер, постирајќи снимка од бомбардирањето.

Според првичните информации, нема преживеани.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе