Поради нападот во Сирија

„Американци убијци“: протест во Атина, гореше американското знаме (ФОТО)

Неколку илјади луѓе се собраа во центарот на Атина да протестираат поради воздушните напади на САД, Велика Британија и Франција во Сирија.

Грчката полиција соопшти дека на протестот организиран од Грчката комунистичка партија се собрале помеѓу 6.000 и 7.000 луѓе.

Демонстрантите се собрале на плоштадот Синтагма во центарот на Атина, а потоа се упатиле кон американската амбасада, носејќи транспаренти и извикувајќи слогани против САД.

Кога стигнале до амбасадата, на улицата со црвена боја напишале: „Американци, убијци на луѓе“.

Потоа, неуспешно се обиделе да ја нанесат бојата во дворот на американската амбасада, објави АП.

Полицијата со возила го заштити влезот во амбасадата. Демонстрациите, обезбедени од голем број полициски сили, завршиле без инциденти.

САД, Велика Британија и Франција извршија заеднички воздушни напади во Сирија поради наводниот хемиски напад врз цивили во Дума на 7 април, во кој загинаа најмалку 40 лица.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе