Експертите на организацијата во извештајот, меѓу другото, истакнаа дека на Индија би можеле да ѝ бидат воведени санкции ако не се откаже од купувањето на рускиот противвоздушен ракетен систем С-400.
Во извештајот на истражното тело се наведува дека „Индија тежнее кон поголема размена на технологија и иницира заедничко производство“. Од своја страна, „Соединетите Држави повикуваат на понатамошни реформи и зголемување на директните странски инвестиции во одбранбениот сектор“ на јужноазиската држава.
Авторите на извештајот предупредуваат дека „договорот за купување на рускиот противвоздушен систем С-400, вреден повеќе милијарди, би можел да предизвика американски санкции против Индија“. Како основа за тоа, тие се повикуваат на законот за спротивставување на американските противници преку санкции.
Сепак, извештаите на истражната група не претставуваат официјален документ на Конгресот и не ги одразуваат ставовите на неговите членови. Ги подготвуваат независни експерти за законодавците да можат да носат „информирани одлуки“.
Индија во октомври 2018 година потпиша договор со Русија вреден пет милијарди долари за купување пет противвоздушни ракетни системи С-400, и покрај противењето на американската влада. Њу Делхи во 2019 година ја плати првата рата во износ од околу 800 милиони долари.
Москва минатиот месец соопшти дека спроведувањето на актуелните одбранбени договори со Њу Делхи, вклучувајќи ја испораката на С-400, напредува добри, и покрај заканите со американски санкции. Рускиот амбасадор во Индија Николај Кадушев кажа дека неговата земја не ги признава едностраните ограничувања кои Вашингтон се обидува да ги истурка.